
Најмалку 70 новинари биле убиени во светот во 2013 година, соопшти Комитетот за заштита на новинари.
Најголем број убиени новинари годинава има во Сирија, каде што загинале 29 известувачи, а во Ирак биле убиени 10 новинари.
Ова е трета најлоша година според бројот на жртви од 1992 година кога Комитетот почна да води евиденција за жртвите.
Според нив, шест новинари годинава биле убиени во Египет, а петмина во Пакистан. Заменик директорот на Комитетот за заштита на новинарите, Роберт Махони, изјави дека Блискиот Исток станал поле за убиство на новинари.
„Граѓанската војна во Сирија и обновата на верските насилства во Иран земаа мачен данок“, вели тој и ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз владите и вооружените групи да го почитуваат цивилниот статус на новинарите и да ги гонат нивните убијци.