
Судот во Бангладеш нареди да бидат уапсени сопствениците на фабриката, во која во 2012 година избувна еден од најсмртоносните пожари во историјата на земјата, пренесе „АФП“.
Заедно со Делуар Хосеин и неговата сопруга Махмуд Актер, беа приведени уште четири лица.
При пожарот во фабриката, во која работници шиеја облека за западни брендови, загинаа 111 лица.