
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во републиката се одвива тековно по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла : Тетово- П. Шапка видливост од 150 до 200 метри. , Гостивар- Стража видливост 50-100 метри. Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Гостивар – Стража, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.
Дежурните екипи на Јавното претпријатие „Македонијапат“ се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.