
Триесет и едногодишен битолчанец „мртов пијан“ откако не послушал полициска наредба, удрил во полицаец, а потоа се обидел да избега.
Според полиција, битолчанецот Д.С. на 31-ви декември на улицата Цар Самоил направил сообраќаен прекршок по што полицијата се обидела да го запре . Но, наместо да ја послуша полициската наредба, тој свртел со возилото „голф“ и удрил во еден од полицајците и потоа се обидел да избега. Но, веднаш бил сопрен и проведен. Алкотесот покажал дека битолчанецот имал 2,26 промили алкохол во крвта.
Полицијата најави соодветна пријава против битолчанецот.