
Насер Ал-Келаифи, претседателот на најбогатиот клуб во француската Прва лига, ПСЖ, потврди дека клубот за време на зимскиот преоден рок нема да прифати ниту една понуда за репрезентативецот на Франција, Блаисе Матуиди и за италијанскиот интернационалец, Тиаго Мота.
Матуиди на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, а Мота има договор со “светците” до 2015 година.
“Можам со 100% сигурност да потврдам дека и Блаиде и Мота ќе останат во редовите на ПСЖ. Блаисе е многи среќен на “Паркот на Принцовите”, а ако го прашате Мота, тој веднаш ќе ви каже дека сака да остане во Париз и дека тука сака да ја заврши својата професионална кариера. Исто така можам да потврдам дека во следниот период ќе имам состанок и со фудбалерите и со нивните агенти”, изјави првиот човек на актуелниот шампион на Франција