
Поради појава на магла е намалена видливост на повеќе патни правци низ државата. Видливост од 50 до 100 метри има кај Страцин, Попова Шапка, Кичево, Ресен, Битола и Прилеп.
Сообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива без забрани, по суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.