
Против 36 учесници на минатогодишните масовни антивладини протести во Турција е подигнато обвинение за тероризам, соопшти денеска турскиот државен обвинител.
Обвинението ги товари за членство во терористичката организација, поседување на опасен материјал и терористичка пропаганда.
Доколку се прогласи за виновен, може да бидат осудени на најмалку од три, а најмногу 58 години затвор.
Демонстрантите во Турција избија на крајот на мај во Истанбул поради плановт за рушење на паркот Гези и прераснаа во антивладини протести, кои се прошириле низ целата земја.