
Утре шести јануари, Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Согласно Законот за празниците, седми јануари (вторник) првиот ден на Божик, според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
За припадниците на православана вероисповед неработен е и 19-ти јануари кога се празнува празникот Богојавление-Водици.