
Турскиот премиер, Реџеп Таип Ердоган, рекол дека нема да се противи на повтореното судење за стотина воени офицери за планирање на државен удар.
„За нас не е проблем да се повтори судењето доколку има правна основа за тоа. Ние сме подготвени да направиме се’ што е потребно“, рекол Ердоган.
Апелациониот суд во Турција во октомври ја потврди пресудата за повеќерангирани пензионирани и активни офицери на војската бидејќи планирале „соборување“ на Владата на Ердоган.
Војската минатата недела поднела жалба, со образложение дека сите тие случаи се „наместени“.