
Бран од многу студен воздух познат како „поларен вртлог“ го зафати поголемиот дел од Соединетите Американски Држави, носејќи со себе историско ниски температури.
На американскиот среден запад, температурите паднале под нулата, а сообраќајот се одвива отежнато поради силниот ветер и големата снежна покривка, која местимично достигнува и над 30 сантиметри.
Властите ги затвориле училиштата во повеќе градови, вклучувајќи ги Чикаго, Сент Луис и Милвоки.
Во Северна Дакота се измерени 35 степени под нулата, а во Медисон и Висконсин минус 21 степен. Метеоролозите предупредуваат дека поради студениот ветер температурата би можела да падне и под 50-от степен под нулата. Метеоролозите соопштиле дека студениот воздух, кој што се формира над Северниот пол или поларните региони и кој обично се задржува во Канада, овој пат пристигнува и до САД.
Снежните врнежи, силниот ветер и ниските температури, кои го погодија североисточниот дел на САД, однеле повеќе од 16 човечки животи.