
Товарен воз кој пренесувал пропан и сирова нафта излетал од шините и се запалил во северозападниот дел на Канада.
Во инцидентот кој што се случил во близина на селото Пластер Рок, нема повредени лица, а поради претпазливост се евакуирани 45 лица кои живеат во блиските куќи.
Од шините излетале 15 вагони и локомотиви, меѓу кои и осум со сирова нафта и пропан.