
Невремето проследено со мраз и екстремно ниски температури во САД предизвика смрт кај најмалку 21 лице, соопштија тамошните власти.
Во сојузната држава Илиноис починаа седум лица, во Индијана шест, а најмалку пет лица починале како последица од замор додека чистеле снег, а неколку жртви се идентификувани како бездомници кои одбиле да одат во засолниште или не стигнале навреме да се засолнат.
Во текот на невремето, за кое што метеоролозите велат дека не е толку невообичаено, сите американски сојузни држави забележале ниски температури, вклучувајќи ги и Хаваите, каде се забележани минус осум степени на врвот на неактивниот вулкан Мауна Кеа.
Многу училишта биле затворени ширум источниот дел на САД за да се заштитат најмладите од опасно ниските температури, а отворени се засолништа за бездомници и за сите останати на кои им е потребно место да се стоплат.