
Јапонските власти организираа опсежна потрага по лице осомничено за силување кое побегнало во текот на испрашувањето во близина на Токио.
Полицијата мобилизирала 4.000 полицајци, 850 возила, хеликоптери, бродови, кучиња трагачи, по неуспешната потрага за бегалецот во текот на ноќта.
Според полициските наводи, осомничениот 20-годишен Јута Сугимото побегнал од канцеларијата на обвинителот во градот Кавасаки, град во близина на Токио. Тој според неименувани сведоци, успеал да му побегне на чуварот откако излегол од тоалетот.
Според дневниот весник „Санкеи“, полицијата веднаш започнала потрага која досега била неуспешна.
На учениците во околните училишта им било препорачано да не се движат сами по улиците.