Вестите за студот во САД ја „вжештуваат“ цената на нафтата

Терминските цени на нафтата денеска забележаа пораст, пред објавувањето на извештајот за американските резерви на нафта и незапаметеното студено време во Северна Америка.

Еден барел „лесна“ нафта за терминска испорака во февруари поскапе на берзата во Њујорк за 29 центи, и изнесува 93,96 долари за еден барел, додека истата количина северноморска нафта од типот „брент“ на пазарот во Лондон чинеше 107,43 долари, односно осум центи повеќе.

Според проценките на аналитичарите кои ги анкетираше американскиот весник „Вол Стрит Џурнал“, извештајот на американската администрација за енергетски прашања би требало да покаже пад на резервите од 600.000 барели заклучно со трети јануари.