Овен
Во љубовта избегнувајте ги зафатените личности. За да успеете мора повеќе да соработувате со другите колку и тоа да ви пречи. Здравјето ви е добро.
Бик
Партнерот ќе биде нервозен поради финансиските потешкотии со кои што се соочува. Избегнувајте пред колегите да го изнесувате своето мислење. Здравјето ви е влошено.
Близнаци
Немојте со партнерот да се расправате поради пари. Во работата ви се наметнаа се’ повеќе обврски, па имате се помалку време за вистински одмор. Здравјето ви е чувствително.
Рак
За една личност сте посебно врзани, но постојат одредени пречки. Бидете посконцентрирани на работата и не размислувајте за семејните проблеми. Здравјето ви е добро.
Лав
Ниту една личност не ве привлекува посебно. Постои можност деловното патување да го откажете во последен момент. Бидете внимателни бидејќи е можен висок крвен притисок.
Девица
Блескате бидејќи сте емотивно задоволни. Ве очекува убава вечер. Премногу анализирате додека сте на работното место. Не ги пропуштајте добрите прилики за заработка. Здравјето ви е добро.
Вага
Вистинската личност е онаа покрај која сигурно се чувствувате. Денеска може да бидете жртва од неправда, но обидете се да останете мирни. Здравјето ви е добро.
Скорпија
Ви претстои средба со некоја личност од минатото. Немојте премногу да очекувате дека работите полесно ќе ги заврши благодарение на својот шарм. Здравјето ви е полошо.
Стрелец
Лесно ќе се впуштате во флерт, а другите лесно ќе ги морализирате. Иако имате можност за заработка, ќе имате финансиски проблеми. Здравјето ви е чувствително.
Јарец
На емотивен план е убаво и стабилно. Избегнувајте да ги обвините другите за своите пропусти. Излезот од финансиската криза очекувајте го утре. Здравјето ви е добро.
Водолија
Прифатете повик за излегување. Ќе ви годи друштвото. Финансиските загуби не треба да ве депримираат. Не верувајте во празни ветувања. Здравјето ви е чувствително.
Риби
Доколку не сте во врска, можно е пријателство преку пријателите. На работа е можен стрес поради некој деловен договор. Заземете поостар став. Здравјето ви е добро.