
Рекордно ниските температури кои што ги зафатија Америка и Канада буквално ја замрзнале целата природа, вклучувајќи ги и Нијагарините водопади.
Температурите од 18 степени под нулата ја претворија водата во мраз, па водопадите останаа замрзнати.
Но, дури ниту суровите временски услови не ги запреле туристите да уживаат во природата што е околу нив.
Ова природно чудо би требало да го врати својот вообичаен изглед на крајот на неделата, кога според прогнозите, мразот ќе почне да се топи.
Како што пренесува „Дејли мејл“, во 1912-та година три лица загинале обидувајќи се да ги преминат замрзнатите водопади.