
Земјотрес со јачина од четири степени според Европската макросеизмичка скала 1998 ноќеска го потресе Тетово и околината.
Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, со својата телеметриска мрежа на сеизмолошки станици го регистрирале потресот во 23,19 часот. Епицентарот на земјотресот се наоѓа 40 километри од Скопје и потекнува од тетотвското епицентрално подрачје.