
Едно лице е повредено во сообраќајна незгода која се случила утринава во скопската населба Карпош 3.
Според првичните информации од скопската полиција, на раскрсницата од булеварот Илинден и улицата Бледски Договор околу 7.50 часот утринава се случила сообраќајна незгода.
До несреќата дошло кога од засега непознати причини се судриле автомобил „опел“ со скопски регистарски таблички и камион на комуналната хигиена „дихачи“.
Од судирот повредено е едно лице, возачот на камионот, 40-годишниот С.Х. кој е пренесен во градската општа болница „8-ми Септември“.
Од полиција велат дека увидот е во тек.