Сообраќајот е тековен, но возете внимателно и прилагодете ја брзината на движење

Сообраќајот на сите патишта низ земјата се одвива без забрани, по суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисокитни планински и осојничави места.

Поради појава на магла, видливоста е намалена на следниве патни правци: Штип – Неготино oд 10 до 20 метри, Тетово – Јажинце до 30 метри, Дебар – Струга, Битола и Охрид до 50 метри, Куманово – Крива Паланка и Прилеп од 50 до 100 метри, Куманово – Свети Николе од 70 до 100 метри, Кочани – Виница – Берово од 80 до 100 метри, Дебар – Маврово, Тетово – Скопје, Тетово – Гостивар и Тетово – Попова Шапка до 100 метри и Македонски Брод до 150 метри.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.