
Македонскиот кошаркар во НБА лига Перо Антиќ, забележа нова победа со својот тим Атланта Хоукс, овој пат над Хјустон со 83:80. Милсап и Корвер со по 20 поени беа најуспешни кај Атланта. Антиќ повторно одигра нешто повеќе од 22 минути и постигна 4 поени, дополнети со три скока.
Бруклин Нетс стигнаа и до петтата победа годинава во која и натаму се без пораз. Пред своите навивачи го совладаа шампионот Мајами по две продолженија со 104:95.
Нетси ги предводеше Џо Џонсон со 32 поени и пет асистенции, а Пол Пирс постигна 23 поени. На спротивната страна Леброн Џејмс запиша 36 поени, но во првото продолжение од мечот заработи исклучување поради шест прекршоци, што за него е прво исклучување по цели 416 натпревари.