
Германскиот бундеслигаш, Борусија од Дортмунд, моментално важи за прв фаворит кога е во прашање потписот на централниот дефанзивец на италијанскиот калчо гигант Интер, Андреа Ранокиа.
И италијанските и германските медиуми потврдија дека двата клуба оствариле контакт и дека голема е веројатноста најавениот трансфер да биде реализиран за време на зимскиот преоден рок.
Повремениот репрезентативец на Италија е проценет на 15 мил. евра, но двата клуба можат да најдат заеднички јазик доколку официјалната понуда за обештетувањето на 25-годишниот дефанзивец не биде помала од 12 мил. евра.
Фудбалерот на Интер веќе подолг временски период важеше за голема желба на лондонскиот премиерлигш Тотенхем, а пред неколку дена беше пласирана и информацијата дека понуда за неговите услуги подготвува и сопственикот на Челзи, Роман Абрамовиќ.