Македонец криумчарел сириски и авганистански бегалци

Десет  странски државјани биле откриени во автомобил на Македонец кој се обидувал да ги донесе во Скопје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пред три дена, во автомобилот на 53-годишниот Ш.И. од Градско биле откриени десет емигранти.

Полицијата соопшти дека  околу 19,30 часот, на бензинската пумпа „Макпетрол“ во Демир Капија во правец кон Скопје од страна на полициски службеници  од граничниот премиен „Богородица“ и „Демир Капија“ запрено е патничко возило „рено“ каде што се превезувале десет странски државјани, шест сириски, тројца авганистански и еден државјанин од Бангладеш.

Емигрантите исито ден влегле илегално во Македонија преки воз од Грција, а целта им била да стигнат до западно-европските земји.

Од страна на судија на Ш.И. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, а мигрантите се сместени во Прифатен центар за странци во Скопје.