
Официјалната меморијална церемонија и воениот погреб на поранешниот израелски премиер Ариел Шарон, кој почина во болница по осум години поминати во кома, ќе се одржи под засилени мерки за безбедност, пренесе „Би-Би-Си“.
Повеќе од 20 странски делегации ќе присуствуваат на церемониите, првата ќе се одржи во Ерусалим, а втората ќе биде во област што се наоѓа во близина на Појасот Газа. Меѓу присутните ќе биде и потпретседателот на САД, Џо Бајден.
Илјадници ожалостени луѓе му оддадоа последна почит на поранешниот израелски премиер во неделата, кога ковчегот со посмртните останки беше поставен пред зградата на Парламентот.