
Пожар избувнал во хотелот „Црешово топче“ во центарот на Пробиштип, за среќа нема повредени.
Според првичните информации од штипската полиција, пожарот избувнач во два часот по полноќ, а нема повредени.
Огнената стихија почнала да се шири од кујната и зафатила дел од првиот кат и кровната конструкција на хотелот.
Во гаснењето на пожарот, освен пожарникарите од Пробиштип, учествува и штипската противпожарна единица.
Од полиција велат дека пожарникарите сè уште се во хотелот каде го догаснуваат пожарот. Полицискиот увид е во тек.
Повеќе детатли околу пожарот и причинитза несреќата надлежните најавуваат во текот на денот.