
Земјотрес со интензитет од 6,4 степени го погоди Порторико, но се’ уште нема информации за повредени, а материјална штета е предизвикана во неколку места.
Според изјавите на локалното население, од домовите паѓале најразлични предмети поради силниот потрес, а земјотресот бил почувствуван во зградите во престолнината Сан Хуана, на околу 100 километри од епицентарот.
Американскиот Геолошки завод соопшти дека земјотресот се случил нешто по полноќ по локално време, а епицентарот му бил на 57 километри северно од градот Хатили на длабочина од 28 километри.
Тамошната Агенција за итно делување соопштила дека не е издадено предупредување за појава на цунами и засега нема жртви од потресот.