Ердоган: Сведоци сме на најголемиот, најтешкиот и најнеморалниот обид за заговор против нашата демократија

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган дал исклучително остри и гневни изјави на седница на парламентарната група на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), објави електронското издание на весникот „Милиет“.

„Ова беше најголемиот, најтешкиот и најнеморалниот обид за државен удар против нашата демократија. Операцијата од 17 декември останува во страниците на демократијата и на правото како една голема црна дамка. Фазата на подготовката на заговорот од 17 декември, неговата форма на манифестација, димензијата на добиената поддршка и насоки внатре во земјата и од странство, ги надминаа сите досегашни обиди за државен удар и веќе се регистрирани во аналите како најголемото предавство против нацијата, државата и демократијата. Сведоци сме на голема масовна хајка, неверојатна дезинформација, класична операција за наметнување на вина. Против нашата Влада се преземе акција за тежок линч, од страна на лица од земјава и од странство“, посочил уште турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган пред своите пратеници, пренесува „Милиет“.