
Прилепчанец остана без еврата и накиот, откако арамија му влегол во станот.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, синоќа се случила тешка кражба во Прилеп. Арамија провалил во станот на 28-годишниот А.П. на улицата Самуилова.
Откако насилно ја отворил вратата и ги пребарал собите, арамијата украл 6.000 евра и разновиден златен накит.
Со плен вреден над 7.000 евра, арамијата избегал во непознат правец.
Прилепската полиција работи на расистување на кражбата и пронаоѓање на сторителот.