На отворени денови граѓаните ќе може да се информираат за откупот на дворови

Управата за имотно правни работи при Министерството за финансии во текот на јануари и февруари ќе ја спроведе акцијата “Отворено со Управата за имотно правни работи“.

Станува збор за отворени денови со граѓаните за време на кои Управата во секоја општина, согласно однапред утврден распоред, ќе ги стави на располагање своите стручни тимови за помош за решавање на прашања од областа на имотно правните работи.

Ова е со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните да се информираат и на тој начин да се олесни постапката за откуп на дворните места, но и за други прашања од имотно правните работи.

Отворен ден ќе има во подрачните единици на сите општини во Република Македонија започнувајќи со Берово и Делчево на 20 јануари и завршувајќи со Штип на 27 февраури. Распоредот на општини граѓаните ќе можат да го  најдат на веб страната на Министерството за финансии www.finance.gov.mk , а ќе биде објавен и во дневните весници.