
Скопјанец почина на холот на Македонската радио телевизија откако му се слошило.
Според информациите од СВР Скопје, денеска, околу 12 часот во холот на Македонската радио телевизија почина 69-годишниот Иванчо Ѓ. од Скопје.
Полицијата соопшти дека на покојниот прво му се слошило, а потоа и починал.
Неофицијално, тој доживеал срцев удар додека чекал да ја подигне личната карта.
Покрај вработените во МРТВ, влезниот хол го користат и вработените и функционерите во повеќе министерства и државни институции, како и граѓани кои одат по патни исправи и лични карти во пасошкото одделение на МВР сместено во зградата на националната телевизија.