
Египќаните треба да се воздржат од насилство за време на референдумот за Уставот на земјата, што започна вчера, повика генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун, пренесе „ИТАР-РАСС“.
Официјалниот претставник на Бан рече дека генералниот секретар го следи внимателно процесот на референдумот. Тој ја истакна важноста за тоа да се почитува слободата на собирање и изразување на мислење, како и на одрекување од насилство. Генералниот секретар ги повикува сите Египќани да гарантираат дека следната фаза од транзицијата ќе се остварува, мирно и транспарентно.