
Девизните резерви на Кина достигнаа нов рекорд од 3,83 милијарди долари на крајот на минатата година, соопшти кинеската централна банка.
Бројката на крајот на годината е зголемена од 3,66 милијарди долари, колку што биле резервите на крајот на септември, наведува Народната банка на Кина.
Трговскиот суфицит на Кина во 2013-тата достигна 259,75 милијарди долари што е 12,8 отсто повеќе во однос на 2012-тата година и на највисоко ниво од глобалната финансиска криза.
Растот на огромните девизни резерви е поттикнат од трговскиот суфицит од претходните години.