
Двајца ученици се борат за живот откако беа повредени во вооружен напад од страна на малолетник во училиште во Ново Мексико.
Според информациите од американските медиуми, 12-годишно момче отворило оган во фискултурна сала во средно училиште во Розвел во Ново Мексико.
Во нападот сериозно се повредени двајца ученици, 14-годишно момче и 13-годишно девојче. Од болницата изјавиле дека и двајцата се во критична состојба.
Учителка потоа го убедила момчето да го спушти пиштолот и спречила поголема трагедија.
Младиот напаѓач успеал да во внесе оружјето во училиштето криејќи го во кутија за музички инструмент.
Полицијата го привела момчето и работи на откривање на мотивите за нападот.