
Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денеска ќе оствари работна средба со претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и со Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), во врска со предлог-законите за административни службеници и за вработените во јавниот сектор.
Настанот ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација, а во 10,30 часот предвидени се изјави за медиумите.