
Најпопуларната сценска кантата „Кармина Бурана“, од германскиот композитор Карл Орф ќе биде изведена во петок и во сабота во Македонската опера и балет.
„Кармина Бурана“ е најпосетената претстава во минатата година на сцената на МОБ и со право ја нарекуваат „кантата на XX век“.
Нашата „Кармина Бурана“ е во кореографија и либрето на Кан Арслан од Турција, диригент е Бисера Чадловска, а оперски солисти се: Наде Талевска (17.01), Катерина Стојановска (18.01), Цветан Стојановски и Дејан Стоев.
Балетски солисти се Марија Кичевска Шокаровска, Саша Евтимова, Наташа Јосифовска, Бобан Ковачевски, Игор Веланоски
Настапуваат балетскиот ансамбл, хорот и оркестарот на МОБ.