Пијан виничанец нападнал полицаец

Млад виничанец  под дејство на алкокол нападнал полицаец.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи вчера во раните утрински часови на улицата Браќа Миладиновци 21-годишниот Д.Ч. нападнал полицаец.

Откако го привеле, алкотестот покажал дека младиот насилник има 2,14 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.