
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 0,1 отсто на месечно ниво, а се пониски за четири отсто на годишно ниво, стои во податоците на Државниот завод за статистика.
Во ноември минатата година, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски
производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1,1 отсто, а во секторот
Преработувачка индустрија останаа на исто ниво.
Во ноември минатата година, во споредба со истиот период претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1,5 отсто, а во секторот
Преработувачка индустрија за 4,3 отсто.