
Владата и политичките партии денеска постигнаа консензус во врска со измените и дополнувањата на Изборниот законик, рече денеска министерот за правда, Блерим Беџети.
Претставниците на Владата и на политичките партии по средбата во Клубот на пратеници, изразија задоволство од постигнатиот договор, нагласувајќи дека измените ќе бидат донесени со консензус во Собранието.
Ресорниот министер нагласи дека е постигнат договор за сите отворени прашања помеѓу владејачките партии и опозицијата, а пред следните парламентарни избори ќе се разгледува само поглавјето поврзано со дијаспората.