
Два милиони евра во 2012 година чиста добивка оствариле 14 фирмите со кои раководи, е во корелација или се во сопственост на семејството Заеви, покажуваат податоците и завршните сметки до кои што дојде Нетпрес.
Додека Зоран Заев и СДСМ постојано обвинуваат и тврдат дека постои загрозување на слободата, недосиг на демократија вклучително и пазарна демократија, Заеви оствариле чиста заработка од цели 2 милиони евра за само една година работа. Полниот џеб на Заеви кажува дека праксата е сосема спротивна од она што секојдненво го говори СДСМ на митинзи и на јавни настапи. Но и дека „ситните тендерчиња” за кои Заев велеше дека одат преку општина до неговите фирми и не биле воопшто така мали.
Назив на фирма : | Нето добивка за деловната година (2012) | Име и презиме: |
Друштво за производство, трговија и услуги ЈАВОР-ТРАНС ДООЕЛ Струмица | 8.410.257,00 денари | Горан Крстев (ортак на Вице Заев, брат на Зоран Заев). Горан Крстев беше заедно со Заев вмешан во аферата Глобал. |
Друштво за транспорт, трговија и услуги ЈАВОР-ШПЕД ДООЕЛ увоз-извоз Струмица | 11.125.229,00 денари | Симеон Крстев (татко на Горан Крстев, бизнис партнер во повеќе зделки на Зоран Заев) |
Друштво за преработка на овошје и зеленчук ТРГОПРОДУКТ ДОО увоз-извоз Струмица | 6.076.156,00 денари | Катерина Бојовиќ Заева (братучедка на Зоран заев) |
Убавка Заева (стрина на Зоран Заев) | ||
Бобан Заев (братучед на Зоран Заев) | ||
Акционерско друштво за градежништво Пелагонија Струмица | 920.542,00 денари | Трајче Заев (братучед на Зоран Заев) |
Друштво за производство, трговија и услуги ФРЕНКИ ДОО експорт-импорт Струмица | 15.299.306,00 денари | Трајче Заев (братучед на Зоран Заев) |
Друштво за производство, трговија, услуги и градежништвоОмни ГРАДБА ДОО увоз-извоз Струмица | 13.333 денари | Трајче Заев (братучед на Зоран Заев) |
Акционерско друштво индустрија за градежни материјали ЕЛЕНИЦА Струмица | 44.193.909,00 денари | Трајче Заев (братучед на Зоран Заев) |
Вице Заев (брат на Зоран Заев) | ||
Катерина Бојовиќ Заева (братучедка на Зоран Заев) | ||
Друштво за градежништво, производство, трговија и услуги САРА-ЈАВОР ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Струмица | 7.378.361,00 денари | Вице Заев (брат на Зоран Заев) |
Горан Крстев (ортак на Вице Заев, брат на Зоран Заев) | ||
Друштво за производство, трговија и услуги САРА ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Струмица | 9.011 денари | Вице Заев (брат на Зоран Заев) |
Горан Крстев (ортак на Вице Заев, брат на Зоран Заев) | ||
Друштво за производство, трговија и услуги ДРАВАС ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Струмица | 22.877 денари | Вице Заев (брат на Зоран Заев) |
Горан Крстев (ортак на Вице Заев, брат на Зоран Заев) | ||
Друштво за градежништво и инженеринг ТОТАЛ ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Струмица | 2.772.929,00 денари | Вице Заев (брат на Зоран Заев) |
Друштво за производство, трговија и услуги ТОТАЛ ЕЛЕКТРИК ДОО увоз-извоз Струмица | 4.686.654,00 денари | Катерина Бојовиќ Заева (братучедка на Зоран Заев) |
Вице Заев (брат на Зоран Заев) | ||
Радиша Бојовиќ Заев (зет на Зоран Заев) | ||
Друштво за трговија ЗОВИ-ПРОМЕТ ДОО увоз-извоз Струмица | 85.658 денари | Панче Заев (татко на Зоран Заев) |
Љупчо Заев (чичко на Зоран Заев ) | ||
Финансиско друштво ПЕОН ДОО Струмица | 20.647.778,00 денари (добивка за финансиска година) | Катерина Бојовиќ Заева (братучедка на Зоран Заев) |
Убавка Заева (стрина) | ||
121.642.000,00 денари |
Зоран Заев во декември 2013 година изјави дека сеуште спаѓа во средната класа иако неговото семејство остваруваат заработка од 2 милиони евра за една година.
„Лично јас спаѓам се’ уште во средната класа, но доаѓам од богато семејство, кое има 820 вработени. Kапиталот е проценет на шест-седум милиони евра, во кредити се исто толку пет-шест милиони евра, апсолутно влезени да се докажеме пред општеството обидувајќи се редовно да дадеме плата и да ги платиме даноците на државата и да генерираме нови производи, нови продукции, кои значат нови инвестиции. С` што имаме е овде во Македонија. Мојот анкетен лист е реално достапен на јавноста. Мојот личен имот заедно со моите и со возилата на сопругата вреди 60-70-80 илјади евра“, изјави Заев неодамна во интервју за МТВ.