
Сопственикот на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Даниел Леви пред неколку часа го информирал претседателот на италијанскиот калчолигаш Наполи, Аурелио де Лаурентис дека ја прифака неговата понуда да седнат на преговарачката маса и да разговараат за најавениот трансфер на францускиот интернационалец, Етиен Капоуе.
Контроверзниот сопственик на италијанскиот калчолигаш ќе успее во намерата да ги осигура услугите на 25-годишниот играч за врска, кој пред шест месеци се пресели во Лондон, доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 15 мил. евра.