АМСМ препорачува внимателно возење по влажни коловози

Сообраќајот на сите патишта низ Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

Намалена видливост поради магла до 100 метри има долж котлините и речните долини.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.