
Кинезите добија сонце на телевизија бидејќи поради маглата не можат да видат дали е ден или ноќ.
Маглата во кинеската престолнина Пекинг е толку густа, што граѓаните гледаат само сивило и не можат да одлучат кое време од денот е. Поради тоа, властите создадоа вештачко сонце.
Големиот телезивор е поставен на плоштад за рекламирање на туристички дестинации, но откако маглата го обви градот, почна да се емитува и виртуелно сонце, кое за жал, Кинезите можат да го видат само на овој екран.
Поради густата магла граѓаните не излегуваат надвор без маски, училиштата се затворени, а власите предупредија старите и болните лица да не излегуваат од дома ако немаат потреба.
Во последниве две години маглата и загадувањето во Кина се аларматни.