
Европската унија го осуди терористичкиот напад во Кабул, каде што настрадаа 21 лице. Ова беше објавено во соопштението на високиот претставник на ЕУ за прашањата на надворешната политика и безбедност Кетрин Ештон, цитирано од „ИТАР-ТАСС“.
„Го осудувам овој монструозен терористички акт, за кој нема никакво оправдување. ЕУ ја изразува својата длабока поддршка до авганистанскиот народ“, се вели во соопштението на Ештон.