
Премиерот Никола Груевски, денеска ќе присуствува на пуштањето во употреба на регионалниот пат Тетово-Јажинце, село Вратница. Почетокот на настанот е предвиден за 12,30 часот.
Потоа, премиерот Груевски ќе присуствува на пустање во употреба на регионалниот пат Струга-Дебар (на влезот од село Враништа), настанот е закажан за 15 часот.
Половина час подоцна, Груевски ќе присуствува на пуштање во употреба на канализациона мрежа во село Мороишта.