
Американскиот претседател Барак Обама го потпиша законот за буџет вреден 1,1 милијарди долари, со што е отстранета заканата од нова блокада на владата.
Обама пред претставниците од Канцеларијата за управување и буџет го потпиша законот, кој што оваа недела го изгласа Конгресот, како редок сигнал на буџетскиот компромис.
Претседателот порача дека буџетот, иако е сочинет од страници, цифри и фискални калкулации, претставува вистинска помош за Американците, кои што се борат за бројни потешкотии.