
Ракометната репрезентација на Србија, неочекувано уште по првата фаза го заврши настапот на Европското првенство во Данска. Србија на овој шампионат го бранеше сребрениот медал, освоен на домашен терен, а најголемото незадоволство од елиминацијата изрази првиот голман на репрезентацијата и македонскиот шампион Металург, Дарко Станиќ.
“Никогаш не сум бегал од одговорност како голман и столб на репрезентацијата. Меѓутоа , таа одговорност мора да ја понесе уште некој. Не е може целиот тим да го носи само еден тим “, изјави Станиќ.
“Требаше да играме плитко против Франција, да ги пуштиме бековите да шутираат и да го затвориме пикерот. Наместо тоа , примавме голови од шест метри и седмерци “, додаде Станиќ.