Две лица убиени во Чаир

Двојно убиство се случило претпладнево во скопската населба Чаир.

Полицијата го потврди случајот и информираше дека убиството се случило околу 11 часот на улицата „Рифат Бурчевиќ“. Едно лице е приведено, а повеќе детали полицијата најави за во 14 часот.