
Поради тешките социјално- економски прилики се’ повеќе расте бројот на луѓе кои имаат депресија во Хрватска, а психијатриските амбуланти се преполни, додека во исто време расте потрошувачката на лекови за смирување, покажуваат податоците на Хрватската агенција за лекови за 2012-та година.
Потрошувачката на анидепресивите и на средствата за смирување се повеќе расте, па од 2009-та до 2012-та година забележала скок од 6,1 отсто на просечно годишно ниво.
Но, се истакнува дека потрошувачката на антидепресивите во Хрватска значително е помала во однос на развиените европски земји како што се Словенија, Норвешка или Данска, додека потрошувачката на лекови за смирување е значитечно поголема.