
Сирискиот претседател Башар ал Асад предупреди дека ако неговите владини сили ја изгубат војната во земјата, тоа ќе доведе до хаос низ целиот Блиски исток, пренесе „АФП“.
„Ако Сирија ја изгуби оваа битка, тоа ќе значи ширење на хаосот низ целиот Блиски исток“, истакнал сирискиот лидер.
Асад додал дека главната задача на мировните преговори „Женева-2“ што треба да се одржат оваа недела, треба да биде донесувањето на одлука во врска со борбата против тероризмот.
Покрај тоа, тој истакнал дека сириските владини сили извршувале никакви масовни убиства во рамките на крвавиот конфликт во земјата.