
Новајлијата во француската Прва лига, екипата на Нант на најлош можен начин ја почуствува моќта на актуелниот шампион и лидер на табелата, тимот на ПСЖ.
Последното гостување на „Паркот на Принцовите”, фудбалерите на Нант ќе го паметат по катастрофалниот пораз од 5:0, а како и секогаш, најзаслужен за убедливиот триумф е шведскиот интернационалец, Златан Ибрахимовиќ кој двапати се запиша во листата на стрелци.
Резултати: Римс – Лион 0:2, Тулуз – Монако, ПСЖ – Нант 5:0.