
Продолжуваат подготовките за мировната конференција за Сирија, „Женева-2“, соопшти портпаролоката на Европското одделение во Обединетите Нации, Корин Мамал Ваниан, пренесе „ИТАР-ТАСС“.
„Подготовката на форумот во Монтре течат со полн замав“, истакнала таа. Претставниците на ОН истакнуваат дека сите преостанати нерешени прашања нема да влијаат на свикувањето на конференцијата на 22 јануари.